Проект 2010
logoP2010
ВО ВИНОТО Е ВИСТИНАТА, А ВО РАКИЈАТА ГЛУПОСТИТЕ… MK DE
- прва
- припреми
- фотографии
- карти
- медиумите
- линкови

 

Со точак до Македонија...

Од еден така “загреан“ муабет, испадна една интересна идеја и заврши како фантастична авантура.

Некаде во пролет 2009, една од многуте средби со Ване. И како и секоја пролет, кога ќе се разубаве времето Ване го зима точакот и секој вторник и секој четврток (понекогаш и сабота) се возе со членовите на Велосипедскиот клуб од Герсау. Така и овојпат, одиме кај нив, а Ване само што пристигнува од возење. Моите слободни активности се сведуваат до возење мотор, ако е убаво времето, фотографирање на светот околу мене, ако е убаво времето или не и седење пред компјутерот и чачкање на тиа неколку интернет страни шо ги имам. Нормално одма следуваа коментари од стилот: гледаш, спорт нема и тебе да ти штете, не ќе биде лошо да си најдиш некој спорт за во слободното време....
Во тиа момент јас се сетив на времето у Кавадарци, кога како деца го шпартаме градот надолго и нашироко со точаците. Ич не ни беше тешко. Па воден од ситуацијата и потикнат од мислите, ми се испушти: Шо, точак возење спорт? Ами ја сега да се качам на точак и ќе отидам до Кавадарци!
Помина некое време, испиме две-три ракии, а измезиме салатата, апнаме некоја кобаска, испиме уште некоја чаша вино, се отвори муабет....
И така со тиа убав муабет Ване праша: А Дете, ни стварно да изодиме до Македонија со точаци?
Одговорот беше едноставен (подмачкан со ракија и вино): воа лето неможам немам салам точак, ама за следното лето - одиме!

Помина пролетта, и летото беше при крај кога ние на брегот на Охридското езеро лежеме под сенка и на Ване пак му текна: И шо викаш одгодина идиме со точаци?
И тука беше она судбоносното “да“ : Слушај, зошто па да не? Кога че се вратиме у Швајцарија набавуваме еден посалам точак за мене и се спремам, одгодина идиме со точаци.

Се вратиме од Швајцарија, не купиме одма друг точак туку му го земав на Веле неговиот точак и почнав да ја продлжувам возната патека шо ја имаме за рекреација. Така постепено од 16 км дневно, постанаа 11 км, ама се на нагоре! па чат-пат околу езеро 30 и кусур километри, па околу еден рид 50 км па оклу друг рид со нагорнина... и така утврдиме дека може човек без проблем да помине 100 км во ден.

Зимото дојде и “тренинзите“ ги префрлиме во фитнес центарот ни на домашниот точак.
Дојде пролет и набавиме демек подобар точак, ги зачестиме возењата колку што може, и секој ден се повеќе бевме спремни и убедени дека ќе успееме во намерата.
“Новиот“ точак се покажа како по не згоден за возење пак повторно се префрлиме на точакот на Веле и одлучив со него да го минам патот до Македонија.

Убавината во припремите, возејќи по централна Швајцарија, дури тогаш стварно ги запознав. Имаше места каде стотици пати сум минувал со кола/мотор, ама дури сега може да се рече дека ја запознав околината.

 


Најзаслушжн за успехот на овој подвиг беше Ване, како пред така и за времето на возењето. Скоро 95% од патот беше напред, и го дефинираше темпото и ми правеше завет :)
Исто така целот пат беше задолжен за сите поправки, преправки и прецизни работи.

После спроведениот “проект“, останаа пракрасни сеќавања, огромно искуство и укочена лева рака. Тоа, укочената рака, направи да скоро 5 месеци неможев да ги користам прстите на левата рака и повеќе од една година неможев да возам точак.

 



 

Karta-pat